• понеделник, 16 декември 2024

Брнабиќ од Тирана: Отворен Балкан сè уште постои

Брнабиќ од Тирана: Отворен Балкан сè уште постои

 Белград, 17 јули 2023 (МИА) -Премиерката Ана Брнабиќ по средбата во Тирана изјави дека Отворениот Балкан продолжува да постои и дека иницијативите во него продолжуваат, јави дописникот на МИА од Белград.

-Пред само три дена Србија, Северна Македонија и Албанија отворија заедничката изложба Отворен Балкан во српскиот културен центар во Париз, така што продолжуваме со тие иницијативи, рече Брнабиќ.

Како што соопшти Косов онлајн, таа изјави дека со албанскиот премиер Еди Рама разговарала за Отворен Балкан и за самитот Берлинскиот процес, чиј домаќин во октомври годинава ќе биде Албанија.

Брнабиќ рече дека Албанија во моментов е целосно фокусирана на самитот на Берлинскиот процес и на тоа што може дополнително да се направи по последниот самит што се одржа во Берлин.

Таа додаде дека со Рама разговарала за Отворен Балкан и иницијативите во неговите рамки, „кои се доста комплементарни со самитот на Берлинскиот процес“.

Брнабиќ истакна дека за време на работниот ручек, на кој присуствуваа премиерите на Црна Гора и Северна Македонија, Дритан Абазовиќ и Димитар Ковачевски и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, е разговарано и за развојниот план за Западен Балкан, кој го најави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и за првите нацрти и проекти што треба да ги подготват земјите од Западен Балкан.

об

Остани поврзан