• понеделник, 23 декември 2024

Брнабиќ: Обид за стекнување политички поени на најголемата криза

Брнабиќ: Обид за стекнување политички поени на најголемата криза
Белград, 8 јули 2020 (МИА) - Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, по повод протестите и инцидентите пред Парламентот, остро го осуди „вандализмот на политичарите кои се одговорни за упадот во српскиот Парламент во време кога државниот и здравствен систем се соочуваат со вирусот Ковид-19“. - Бидејќи не можеа да влезат во Собранието на изборите, тие повторно го покажаа своето вистинско насилно лице, обидувајќи се да добијат политички поени во најголемата криза на планетата од Втората светска војна, се наведува во писмената изјава на Брнабиќ. -Државата и сите нејзини институции ќе го штитат правниот поредок, нагласи Брнабиќ. јт/зш/

Остани поврзан