• понеделник, 03 март 2025

Брињоне победи на женскиот супервелеслалом во Квитфјел

Брињоне победи на женскиот супервелеслалом во Квитфјел

 

Квитфјел, 2 март 2025 (МИА) – Италијанката Федерика Брињоне победи на денешниот супервелеслаом што во рамки на Светскиот куп во алпско скијање се одржа во норвешкиот центар Квитфјел.

На второто место се пласираше Швајцарката Лара Гут-Бехрами, заостанувајќи шест стотинки, а девет стотинки зад победничката заостана нејзината сонародничка Софија Гоџа на третото место.

За Брињоне ова беше нејзина 35 победа во Светскиот куп, а 12 во супервелеслалом со што се израмни со Французинката Карол Мерл на петтото место во вечниот поредок во дисциплината.

Во поредокот во супервелеслалом на три трки во оваа дисциплина до крајот на сезоната води Гут-Бехрами со 465 поени, 55 поени повеќе од второпласираната Брињоне, додека Гоџа на третото место заостанува 159 поени.

Во генералниот пласман на Светскиот куп, Брињоне ја зголеми предноста пред Гут-Бехрами на 251 поени на девет трки до крајот на сезоната. ег

ФОТО: ФИС/Фејсбук

Остани поврзан