• сабота, 23 ноември 2024

„Бритиш ервејс“ откажа 10.000 летови од зимскиот распоред

„Бритиш ервејс“ откажа 10.000 летови од зимскиот распоред
Лондон, 23 август 2022 (МИА) – Британскиот национален авиопревозник „Бритиш ервејс“ откажа повеќе од 10.000 летови од својот зимски распоред, отстранувајќи од продажба речиси два милиони места. Откажувањето на летовите на кратки релации, од крајот на октомври до крајот на март, има за цел да се минимизираат прекините во сообраќајот во текот на зимата. Авиокомпанијата, исто така, ги откажува летовите на долги релации до Кина и Бангкок, повикувајќи се на ограничувања за Ковид-19. Портпаролот на компанијата истакна дека продолжувањето на летовите за Хонг Конг ќе биде одложено до декември, кога ќе има еден лет дневно. „Бритиш ервејс“ од почетокот на летото откажал 38.000 летови. Откажаните зимски летови се еднакви на речиси една десетина од планираните летови. Одлуката е резултат на потресите во секторот на воздушниот транспорт, објави весникот „Тајмс“. Европските авиокомпании трпат рекордни доцнења во европскиот воздушен простор поради недостиг на персонал, големи отсуства поради болести и метеж предизвикан од затворањето на воздушниот простор над Русија и Украина. ми/

Остани поврзан