• сабота, 05 октомври 2024

Британците повикани да работат од дома или да одат на работа со велосипед

Британците повикани да работат од дома или да одат на работа со велосипед
Лондон, 9 мај 2020 (МИА) - Британскиот министер за транспорт Грант Шепс денеска ги повика Британците да одат на работа со велосипед или пеш по укинувањето на рестриктивните мерки за да се намали притисокот врз јавниот превоз. Како што пренесуваат странските агенции, тој рече дека луѓето кои можат да работат од дома така треба и да продолжат, а оние што треба да одат на работа да користат велосипед или да одат пеш наместо со автомобили што би направиле метеж во сообраќајот.  - Дури и кога јавниот превоз целосно ќе профункционира, ако се земе предвид физичката дистанца од два метра, капацитетот ќе биде еден на 10 патници, рече Шепс. Тој додаде дека тоа значи дека ќе се користи една десетина од стариот транспортен капацитет. паг/  
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан