• сабота, 23 ноември 2024

Британците, поради работа од дома, трошат повеќе на пијалаци и закуска

Британците, поради работа од дома, трошат повеќе на пијалаци и закуска
Лондон, 22 јули 2020 (МИА) - Британските граѓани кои мораат да работат од дома поради епидемијата на Ковид-19, трошат милиони повеќе за набавка на чаеви, кафе и бисквити, покажа новото истражување на индустријата за супермаркети. Податоците на компанијата Кантар покажаа дека Британците, во последните четири недели, потрошиле 24 милиони фунти повеќе на кафе и чај, а 19 милиони фунти повеќе на бисквити, во однос на истиот период минатата година. Се наведува и дека побарувачката за чоколадите Линт, како и пијалакот Реми, се зголемила, односно продажбата е зголемена за околу 16,9 отсто во однос на истиот период лани. Се претпоставува дека главната причина за оваа зголемена потрошувачка е тоа што кафулињата, рестораните и баровите не работат. Исто така, продажбата на алкохол е зголемена за 41 насто. Таков е случајот со коњакот Реми Мартин и румот Маунт гај, додека во некои други земји - напротив, значително се намалува.  си/

Остани поврзан