• вторник, 26 ноември 2024

Британски разурнувач испратен во Заливот заради зајакнување на безбедноста

Британски разурнувач испратен во Заливот заради зајакнување на безбедноста

Лондон, 30 ноември 2023 (МИА) - Велика Британија денеска соопшти дека испраќа еден од своите најнапредни поморски бродови во Заливот за да го зајакне своето присуство во регионот.

„HMS Diamond“, разурнувач од типот 45, ќе спроведе операции за да обезбеди слобода на навигација, да ги увери трговските бродови и да обезбеди безбеден проток на трговијата, соопшти Министерството за одбрана.

„Критично е Обединетото Кралство да го зајакне нашето присуство во регионот, за да ги заштити Британија и нашите интереси од понестабилен и оспоруван свет“, рече министерот за одбрана Грант Шапс.

Распоредувањето доаѓа по избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас и запленувањето на товарен брод поврзан со Израел од јеменските Хути поддржани од Иран во Црвеното Море на 19 ноември.

Хутите започнаа серија напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел откако милитантите на Хамас се прелеаа преку границата со Израел на 7 октомври. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан