• вторник, 26 ноември 2024

Британски полицаец призна дека речиси две децении силувал и злоставувал жени

Британски полицаец призна дека речиси две децении силувал и злоставувал жени

Лондон, 16 јануари 2023 (МИА) – Полицаец од Лондон денеска се изјасни за виновен по 24 точки од обвинение за силување и злоставување жени во период од 2003 до 2020 година, со што е еден од најтешките сексуални престапници во британската историја.

Лондонската полиција и државното обвинителство објавија дека Дејвид Керик (48) ја злоупотребил својата позиција на моќ со цел да ги контролира и заплаши своите жртви, заканувајќи се дека никој нема да им верува на зборот дека припадник на полицијата извршил кривично дело.

По серијата скандали во полицијата, која и онака се бори со големата недоверба на јавноста, беше издадено извинување.

Во меѓувреме, портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак истакна дека тоа е „страшен случај“.

Ова е ужасен случај и мислите на премиерот се со сите жртви. Полицијата мора засекогаш да се ослободи од таквите членови за да ја врати довербата на јавноста, посочи портпаролот на Сунак. ми/

Остани поврзан