• понеделник, 23 декември 2024

Британски министер за одбрана: Рекордни загуби на Русија во октомври

Британски министер за одбрана: Рекордни загуби на Русија во октомври

Лондон, 9 ноември 2024 (МИА) – Британскиот министер за одбрана Џон Хили денеска изјави дека во октомври се регистрирани рекордни загуби на Русија во Украина.

- Последните податоци на британската воена разузнавачка служба покажуваат дека просечната дневна загуба на Русите (убиени и ранети) во Украина достигна нов максимум во октомври, во просек 1.354 луѓе дневно. За Руската Федерација, изминатиот месец стана најскапиот во целата војна. Вкупните загуби изнесуваат 41.980 луѓе, изјави Хили за Дејли Телеграф.

Тој наведе дека според податоците на британското воено разузнавање, претходниот максимум бил 39.110 лица, евидентиран во мај годинава.

Разузнавачките служби проценуваат дека од почетокот на инвазијата, вкупните загуби на Русија во Украина изнесуваат повеќе од 696.000 војници, посочи Хили и додаде дека Русија во моментов троши 40 отсто од својот буџет за одбрана, што, како што рече, е неодржливо за земјата. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан