• вторник, 19 ноември 2024

Британските разузнавачи тврдат дека Русите испраќаат 1.000 платеници во Украина

Британските разузнавачи тврдат дека Русите испраќаат 1.000 платеници во Украина
Лондон, 28 март 2022 (МИА) – Британската разузнавачка служба соопшти дека се очекува Русија да испрати повеќе од 1.000 платеници во источна Украина поради големите загуби. Руската приватна воена компанија „Вагнер груп“ веќе е присутна во источна Украина и се очекува да испрати повеќе од 1.000 платеници, вклучително и високи офицери, соопшти британското Министерство за одбрана. Персоналот на Вагнер, наводно, е повлечен од мисиите во Сирија и другите делови на Африка, бидејќи приоритет сега е во Украина. Групата Вагнер првпат излезе на виделина за време на руската инвазија на источна Украина во 2014 година. Оттогаш, независните истражувања и истраги на Си-Ен-Ен открија дека приватниот воен изведувач дејствувал во Сирија и во неколку земји во Африка. Американските власти и претставниците на човековите права ги обвинија за континуирано кршење на човековите права. Се верува дека групата е поврзана со Евгениј Пригожин, олигарх кој е многу близок до Кремљ што е познат како „кувар“ на Путин. Кремљ постојано негираше какви било врски со групата. Пригожин негира секаква вмешаност во Вагнер. Украинската разузнавачка служба претходно соопшти дека ја следела групата внатре и надвор од Украина и оти неколку оперативци на Вагнер биле убиени внатре во земјата. Тие се препознаваат по нивните единствени ознаки за идентификација. јт/

Остани поврзан