• среда, 27 ноември 2024

Британскиот триатлонец Ји го освои олимпиското злато

Британскиот триатлонец Ји го освои олимпиското злато

Париз, 31 јули 2024 (МИА) – Британецот Алекс Ји победи на машкиот триатлон на Олимпијадата во Париз.

Тој денешните три етапи (пливање, возење велосипед и трчање) ги помина за 1 час 43 минути 33 секунди.

Хејден Вајлд (Нов Зеланд, 1:43.39) го освои сребрениот медал, а Лео Бергер (Франција, 1:43.43) го освои бронзениот медал.

Вајлд беше 14 секунди пред Ји на 2 километри пред крајот на натпреварувањето, но Британецот на крајот успеа да го претекне.

Машкиот триатлон требаше да се одржи вчера, но беше одложен за денес поради лошиот квалитет на водата во Сена. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан