• среда, 25 декември 2024

Британскиот принц Вилијам победи на трка со „змејови чамци“ во Сингапур

Британскиот принц Вилијам победи на трка со „змејови чамци“ во Сингапур

Сингапур, 6 ноември 2023 (МИА) - Британскиот принц Вилијам се качи на тн. „змејов чамец“ во Сингапур пред почетокот на годинашната свеченост на доделувањето на „Ертшот“ наградите, чија цел е да поттикне решенија за еколошките закани.

Носејќи појас за спасување и црна капа, принцот од Велс седеше во долг, тесен чамец додека веслаше со спортистите од екипата „Британски змејови“ на реката Каланг. Веслајќи во парови, Вилијам и другите 19 веслачи енергично го движеа чамецот со постојаниот ритам на тапанар кој стои на носот на чамецот. Така, пловилото на принцот победи на кратка трка со другиот чамец, чиј капетан беше британскиот висок комесар Кара Овен.

Со потекло од Кина, трките со „змејови чамци“ имаат историја од речиси 2.000 години и тоа е меѓународен спорт во 1976 година.

Принцот Вилијам (41) синоќа пристигна во Сингапур за овогодишните „Ертшот“ награди, што првпат се одржуваат во Азија.  си/сд/

Фото: Јутјуб, фотоисечок

Остани поврзан