• понеделник, 23 декември 2024

Британскиот премиер повика на откажување на пропалестинскиот марш во Лондон

Британскиот премиер повика на откажување на пропалестинскиот марш во Лондон

Лондон, 7 ноември 2023 (МИА) - Британскиот премиер Риши Сунак денеска ги повика организаторите да го откажат пропалестинскиот марш планиран во Лондон во сабота, на Денот на примирјето од Првата светска војна.

Илјадници луѓе се очекуваат на митингот на кој ќе се бара итен прекин на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

„Сметаме дека планирањето собир на Денот на примирјето е провокација и израз на недостиг на почит. Ги повикуваме организаторите да го преиспитаат нивниот план“, изјави еден од портпаролите на премиерот.

Тој додаде дека „Владата внимателно ќе го проучи секое барање од полицијата за забрана на маршот“.

Лондонската полиција во понеделникот повика на „преиспитување“ на одржувањето митинг, велејќи дека е несоодветно следниот викенд да се организира таков марш. паг/

Фото: МИА архива

 

 


 

Остани поврзан