• недела, 22 декември 2024

Британскиот државен секретар за Северна Ирска Брендон Луис поднесе оставка

Британскиот државен секретар за Северна Ирска Брендон Луис поднесе оставка
Лондон, 7 јули 2022 година (МИА) - Британскиот државен секретар (министер) за Северна Ирска, Брендон Луис, утрово поднесе оставка наведувајќи „етички причини“, во услови кога акутна политичка криза ја потресува Владата на Борис Џонсон и оставките на министрите за финансии, за безбедност и за наука Хелен Ватили, Демијан Хиндс и Џорџ Фримен. Сервисот на „Би-Би-Си“ јавува дека Луис му рекол на премиерот дека со „жалење“ поднесува оставка, но и оти поделената Конзервативна партија не може да победи на изборите. „Одлуката за напуштање на Владата никогаш не се сфаќа лесно, особено во толку критично време за Северна Ирска. „Одвоив многу време за да ја разгледам оваа одлука, бидејќи синоќа нашироко ви го објаснив мојот став“, рече тој. "Излегов и ја бранев оваа Влада и јавно и приватно. Сепак, сега ја поминавме точката од која нема враќање“, напиша Луис. Министерот за наука Џорџ Фримен во писмената оставка му напиша на премиерот Џонсон дека повеќе нема доверба во раководството. Иако експлицитно не напиша дека ја напушта министерската функција, изјави дека е „голема чест да се служи на земјата, на Круната и на Конзервативната партија во Владата“. Министерот за безбедност Демијан Хајндс ја објави својата оставка, пишувајќи дека „за доброто на земјата и довербата во демократијата, неопходно е да се има промена на раководството“ Министерката за финансии Хелен Вајтли во своето писмо со оставка испратено до премиерот.  наведува дека последните месеци се залагала Борис Џонсон да продолжи на функцијата, но и оти ограничен е бројот случаи кога е можно „да се извини и да се продолжи понатаму“. аб/  

Остани поврзан