• сабота, 23 ноември 2024

Британскиот амбасадор Метју Лосон во прва посета на Општина Велес

Британскиот амбасадор Метју Лосон во прва посета на Општина Велес

Велес, 24 ноември 2022 (МИА) - Амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон денеска го посети седиштето на локалната власт во Велес и некои од културно-историските знаменитости на градот, информираат од Општина Велес.

Тие потенцираат дека Лосон, само неколку месеци по преземањето на функцијата го ставил  Велес во своите приоритети за посета, што, како што велат, за градот и општината е голема чест.

-На денешната средба на амбасадорот Метју Лосон и градоначалникот Марко Колев се дискутираше за приоритетите на британската Амбасада во Македонија и Општина Велес, информираат од Општината.

По официјалниот дел, тие заедно со своите делегации беа во посета на Спомен Костурницата од НОВ, каде почиваат коските на стотина борци од Велес и велешко учесници  во народноослободителната војна на Македонија загинати во текот на Втората светска војна. ад/сст/ 

Остани поврзан