• сабота, 23 ноември 2024

Британска компанија на вработените им дала дополнителни четири дена годишен одмор доколку не пушат на работа

Британска компанија на вработените им дала дополнителни четири дена годишен одмор доколку не пушат на работа
Свиндон, 13 јануари 2020 (МИА) - Вработените во Агенција за вработување во англискиот град Свиндон добиле четири дополнителни дена за годишен одмор под услов да не пушат на работа. Агенцијата „Кеј-си-џеј тренинг енд емплојмент солушнс“ од Свиндон сака да ги награди работниците кои не пушат, место да ги казни пушачите. Генералниот директор Дон Брајден ја вовел оваа мерка, иако и самиот е пушач. - Ја донесоа и ја прифатија и пушачите и непушачите во компанијата, рече тој. „Никого не дескриминирам“, рече тој и додаде дека нема ништо против паузите за пушење, ниту работниците ги тера да престанат со таа навика. - Меѓутоа, ајде да кажеме дека секој од нив прави по три паузи за пушење дневно. Тоа е еквивалент на 16 работни дена и два часа годишно доколку работниот ден трае осум часа, ја појасни Брајден својата идеја. сд/

Остани поврзан