• недела, 21 јули 2024

Британската полиција уапси маж откако со автомобил влета во портата на Бакингемската палата

Британската полиција уапси маж откако со автомобил влета во портата на Бакингемската палата

Лондон, 10 март 2024 (МИА) - Британската полиција денеска соопшти дека уапсила маж откако автомобил влетал во влезната капија на Бакингемската палата во центарот на Лондон.

Сликите на социјалните мрежи покажаа автомобил пред капијата на палатата, а британските медиуми цитираа сведок кој вели дека слушнал „гласен удар“. Полицијата соопшти дека тоа се случило вчера наутро.

-Вооружените полицајци уапсија маж на местото на настанот под сомнение за намерно оштетување на туѓ имот. Тој е пренесен во болница. Нема пријавени повреди, се вели во соопштението на лондонската полиција, додавајќи дека се уште се истражуваат фактите и околностите на случајот. .

Според соопштението на Бакингемската палата, во моментот на инцидентот немало членови на кралското семејство, а оштетувањата моментално се санираат. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан