• вторник, 30 јули 2024

Британската амбасадорка Галовеј во посета на Општина Радовиш

Британската амбасадорка Галовеј во посета на Општина Радовиш
Радовиш, 16 ноември 2021 (МИА) - Во посета на Општина Радовиш денеска беше амбасадорката на Велика Британија во нашата држава, Рејчел Галовеј, која се сретна со градоначалникот Ацо Ристов. Како што информираа од Општина Радовиш, биле разменети мислења за повеќе актуелни теми. -Се разговараше за локалните проблеми поврзани со енергетската криза во државата, проблемите со иселувањето на младите и можностите и програмите за поддршка на нови вработувања, можностите за финансирање и едукација за модерно производство на храна, како и програмите и проектите кои ги подржува оваа Амбасада, стои во информацијата од локалната самоуправа. Се додава дека амбасадорката Галовеј беше запозната со сите тековни и идни активности, како и со сите бизнис капацитети со кои располага Радовиш, особено во делот на транспортните услуги, за кои во иднина може да биде остварена соработка на наши компании со компании од Обединетото Кралство. рт/вг/

Остани поврзан