• понеделник, 23 декември 2024

Британка починала кога душек од отомански кревет ѝ паднал на вратот и ја задушил

Британка починала кога душек од отомански кревет ѝ паднал на вратот и ја задушил

Лондон, 15 октомври 2024 (МИА) - Мајка на две деца од Велика Британија починала, откако горниот дел од тн. отомански кревет ѝ паднал на вратот и ја задушил, се вели во извештај на судските власти.

Отоманските кревети имаат главен дел што може да се подигне - обично со помош на хидраулика и гас, а под него има простор за складирање постела, облека итн. Немилиот настан се случил летово, кога Хелен Дејви (39) се наведнала над долниот дел на креветот и останала заробена меѓу подлогата и душекот којшто паднал поради неисправност на механизмот.

- Платформата на нејзиниот кревет, т.е. горната површина со душекот ненадејно паднала и ѝ го приклештила вратот на страничниот дел од подлогата на креветот. Не можејќи да се ослободи, (Дејви) починала од задушување. Еден од двата гасни клипа бил неисправен, појасни вештакот Џереми Чиперфилд.

Починатата жена била пронајдена од нејзината ќерка Елизабет.

- Се качив горе, вратата од спалната соба на мама беше ширум отворена и ја видов како лежи на грб со главата под креветот. Нозете ѝ беа свиткани како да се обидува да стане. Фрлив сè што држев в раце и се обидов да го подигнам горниот дел од креветот од главата... Бев исплашена дека е мртва затоа што не испушташе звук, па бргу забележав и дека не дише, сведочи Елизабет пред Судот.

Чиперфилд предупреди дека, „ако нешто не се преземе“, постои опасност и од други смртни случаи.  си/ссм/

Фото: „Х“, „Фејсбук“

Остани поврзан