• четврток, 26 декември 2024

Брисел ја забранува проституцијата поради коронавирусот

Брисел ја забранува проституцијата поради коронавирусот
Брисел, 29 септември 2020 (МИА) - Градските власти во Брисел најавија дека ќе ја забранат проституцијата до ново известување, со цел да се обидат да го спречат ширењето на коронавирусот. Три хотели во кои работеле проститутки се затворени поради непочитување на мерките за физичко растојание. Најавено е дека полициските контроли ќе бидат засилени, со цел да се обезбеди почитување на забраната. Од понеделник, баровите и кафулињата во Брисел мора да бидат затворени од 23 до 6 часот наутро, додека другите угостителски објекти се отворени до 22 часот. паг/  

Остани поврзан