• среда, 25 декември 2024

Брзи тестови за Ковид-19 во црквите во Атина во пресрет на Велигден (фото)

Брзи тестови за Ковид-19 во црквите во Атина во пресрет на Велигден (фото)
Атина, 27 април 2021 (МИА) – Лекарската комора на Атина и периферијата Атика, од вчера започнаа спроведување рапид тестови за поповите и црковниот персонал во Соборните храмови и црквите во грчката метропола, во пресрет на Велигден, јави дописничката на МИА од Атина. Во тестирањата вклучени се поповите, но и сите оние кои работат во црквите, со цел како нивна безбедност, така и на верниците. Во Соборниот храм што утрово го посети дописничката на МИА од Атина, интересот меѓу свештените лица беше голем, не само од конкретната црква, туку пристигнуваа и од околните цркви. Од дваесетина направени тестови, сите беа негативни. Иницијативата е претседателот на Лекарската комора на Атина и префект на Атика Јоргос Патулис, во консултација со атинскиот архиепископ и поглавар на ГПЦ Јеронимос. Светиот синод на грчката православна црква минатата седмица одржа состанок на кој едногласно беше донесена одлука, црквите да бидат отворени за верниците, а Воскресението Христово ќе биде во 21 часот, наместо на полноќ, поради полицискиот час. Велигденските литургии во текот на неделава се поместени за еден час порано. Црквите и соборните храмови ќе работат под специјални здравствени протоколи, дозволено е едно лице на 25 метри квадратни во внатрешноста и едно лице на 10 метри квадратни, во надворешните делови. За Велигден, за верниците е задолжителна употребата на две маски, додека пак за поповите, свештените лица и останатиот црковен персонал, задолжителен ќе биде селф тест, односно брз тест за домашна употреба. ср/  Фото: МИА

Остани поврзан