Брендaн Кар номиниран за раководител на Федералната комисија за комуникации
- Кар е еден од петте комесари во ФЦЦ кој се залага за мерки против социјалните медиуми и националните телевизии во САД кои, според републикацните, се премногу либерални. Според Вашингтон пост“, тој е еден од креаторите на „Проект 2025“, радикално конзервативна агенда за реформирање на федералната влада под десничарските политики на Трамп развиена од „Фондација Херитиџ“.
Вашингтон, 18 ноември 2024 (МИА) - Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трaмп, го номинираше Брендaн Кар за раководител на Федералната комисија за комуникации (ФЦЦ), регулатор за радио и ТВ емитување, телекомуникации, широкопојасен интернет и други поврзани индустрии.
Кар е еден од петте комесари во ФЦЦ кој се залага за мерки против социјалните медиуми и националните телевизии во САД кои, според републикацните, се премногу либерални. Според Вашингтон пост“, тој е еден од креаторите на „Проект 2025“, радикално конзервативна агенда за реформирање на федералната влада под десничарските политики на Трамп развиена од „Фондација Херитиџ“.
Кар е во линија со идеите на Трамп за социјалните медиуми, технологијата и ТВ компаниите. Во својство на еден од комесарите на ФЦЦ тој неодамна вети зауздување на она што тој го нарече „картел за цензура“ вклучувајќи ги Фејсбук, Гугл, Епл и Мајкрософт.
Кар е голем подржувач на милијаредерот Илон Маск и се залага за појаки рестриктивни мерки против Кина. кб/сд/