• понеделник, 23 декември 2024

Бред Пит специјален гостин на Големата награда на Мексико

Бред Пит специјален гостин на Големата награда на Мексико

Мексико Сити, 28 октомври 2024 (МИА) - Бред Пит е фотографиран на Формула 1 патеката „Херманос Родригез“ во Мексико, каде што снимаше сцени за својот најнов филм „Ф1“, којшто би требало да се прикажува летото 2025 година.

Американскиот глумец се појави на тркачката патека за време на квалификациите за Големата награда на Мексико, па мигот кога ја симна кацигата и заштитната капа предизвика општа возбуда кај сите присутни возачи, конструктори и посетители. Глумецот ги поздрави гледачите со мексиканско знаме во рацете.

Филмот „Ф1“ е за возачот Сони Хејс, кој морал да се пензионира по тешка несреќа, но години подоцна се враќа и се натпреварува против најсилните млади возачи. На Британската голема награда беше премиерно прикажан и првиот кус трејлер.

Режисер на филмот е Џозеф Косински, а ќе го продуцитаат Џери Брукхајмер и седумкратниот Ф1-шампион Луис Хамилтон. Според последните податоци, буџетот надминал 300 милиони долари, со што овој филм за Формула 1 е меѓу 10-те најскапи филмови во историјата, пренесуваат западните медиуми.  си/ссм/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан