Бразил демантира договор со Анчелоти: Тоа е лага
- Бразилската фудбалска конфедерација демантираше дека постигнала договор со тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, за негов ангажман на селекторското место.

Сао Паоло, 11 февруари 2023 (МИА) – Бразилската фудбалска конфедерација демантираше дека постигнала договор со тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, за негов ангажман на селекторското место.
„Оваа информација е лажна. Прашањето за новиот селектор се решава транспарентно и името на избраниот тренер ќе биде објавено во соодветен момент“, се наведува во соопштението на Бразилската фудбалска конфедерација.
Претходно, Анчелоти најави дека неговата цел е да остане во Реал до крајот на договор кој истекува на лето 2024 година.
Петкратниот светски првак Бразил е во потрага по нов селектор, откако Тите замине од должноста по елиминацијата од Хрватска во четвртфиналето на Мундијалот во Катар. ег/ссм