• петок, 08 ноември 2024

Бразилски врховен судија му даде ултиматум на Маск - да каже кој го застапува во Бразил или ќе ја исклучи платформата Х

Бразилски врховен судија му даде ултиматум на Маск - да каже кој го застапува во Бразил или ќе ја исклучи платформата Х

Бразилија, 29 август 2024 (МИА) - Судијата на бразилскиот Врховен суд, Александар де Мораеш, се закани дека ќе ја забрани платформата X доколку нејзиниот сопственик, милијардерот Илон Маск, не го именува правниот застапник на компанијата во Бразил во рок од 24 часа. 

Американските медиуми наведуваат дека ова е само уште едно поглавје во битката меѓу Мораеш и Маск која трае со месеци. На почетокот на овој месец, Платформата Х соопшти дека „веднаш“ го повлекува целиот преостанат персонал во Бразил, наведувајќи дека Мораеш му се заканил на правниот претставник на компанијата во земјата со апсење, соопштија американските медиуми.

Врховниот суд денеска ја информираше платформата X за наредбата на Мораеш. 

„Во случај на непочитување на одлуката, може да дојде до прекин на активностите на социјалната мрежа во Бразил“, се наведува во соопштението на судот. 

Судијата на Врховниот суд во април ја почна истрагата против Илон Маск, откако американскиот милијардер рече дека повторно ќе ги активира налозите на платформата X, за кои судот претходно издаде наредба за блокирање, поради наводни врски со екстремната десница и ширење дезинформации на платформата. сд/ 

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан