• вторник, 24 декември 2024

Бошњачки демократски сојуз: Го осудуваме говорот на Стоиљковиќ за Резолуцијата во ОН за Сребреница

Бошњачки демократски сојуз: Го осудуваме говорот на Стоиљковиќ за Резолуцијата во ОН за Сребреница

Скопје, 16 април 2024

 

Најостро го осудуваме говорот на омраза од страна на Иван Стоиљковиќ кој по повод од вчерашната одлука на Министерството за надворешни работи да Р.С.Македонија биде коспонзор на Резолуцијата во Обединетите нации за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден за сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година, геноцидот во Сребреница го нарече НЕКРОФИЛСКИ ДИЗНИЛЕНД.

Ова е е само уште еден доказ дека живеат во мрачни времиња оние кои сакаат да го претставуваат народот. Она што е утврдено со пресуди на Хашиот трибунал за воени злосторства за извршниот генцоцид во Сребреница, и ваквиот говор на омраза е само аларм дека после Резолуцијата, треба да се инкриминира негирањето на геноцидот во Сребреница како посебно дело.

Ги повикуваме сите Бошњаци кои се дел од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ во чиј состав е и партијата на Иван Стољковиќ да го осудат овој чин на исмејување со геноцидот во Сребреница, кој е најмрачната дамка на човештвото во поновата историја, а најголема болка на Бошњаците чии рани не се залечени ниту три децении по ова грозоморно злосторство.

Го повикуваме ВМРО да се огради од Стоиљковиќ и да превземат соодветни мерки против вакви ликови кои поткнуваат етнички раздор и етничка омраза, особено поради фактот Собранието на Р.С.Македонија ја усвои Декларацијата за поддршка на Резолуцијата на Европскиот парламент за Сребреница во 2009 година кога ВМРО ДПМНЕ беше на власт.

Ние како партија која ги застапува правата и интересите на Бошњаците ќе ги превземеме сите правни средства да ваквиот говор биде санкциониран. Уште еднаш ја поздравуваме одлуката на Министерот за надворешни работи и идниот претседател на нашата држава Бујар Османи, да Северна Македонија биде коспонзор на Резолуцијата во Обединетите нации за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден за сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година.

Изразуваме голема благодарност и почит за оваа одлука со особено за дипломатски напори и активности геноцидот во Сребреница да не се заборави, а воедно ова го сметаме и за братски и пријателски чин на солидарност и сочувство со нас Бошњаците. Изразуваме надеж и очекување дека Резолцуијата ќе биде изгласана во Обединетите нации и дека 11 јули секогаш ќе биде одбележан соодветно со цел чување од заборав на жртвите од геноцидот во Сребреница
На пресот зборуваше Адмир Ујкановиќ - потпредседател на Бошњачки демократски сојуз

Бошњачки демократски сојуз

Фото: Бошњачки демократски сојуз

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан