Бошњачкиот демократски сојуз ја поздравува пресудата за Милорад Додик
- СООПШТЕНИЕ

26 февруари 2025
Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) го поздравува изрекувањето на првостепената пресуда на Судот на Босна и Херцеговина против претседателот на помалиот БХ. ентитетот на РС на Милорад Додик пред Судот на Босна и Херцеговина во Сараево.
Додик е осуден на 1 година затвор и забрана за политичка активност во период од 6 години поради непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ од член 203-а став 1 од Кривичниот законик на Босна и Херцеговина. Додик веќе долги години го урива уставниот поредок на Босна и Херцеговина, негирајќи го геноцидот врз Бошњаците во Сребреница, а со своите политички активности работи на уривање на темелите на државата Босна и Херцеговина, со особено нагласени акции против Бошњаците.
Како политичка партија која работи во интерес на Бошњаците во земјата, но и за да ги поврзе со нивните сонародници од нивната татковина Босна и Херцеговина, ја изразуваме нашата желба Босна и Херцеговина да биде земја во која владеат правото и правдата, која е просперитетна и која е подготвена и способна да работи како внатре така и на надворешен план преку зачувување на врските со Бошњаците и сите народи и надвор од Босна и Херцеговина.
Бошњачки демократски сојуз
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки