• сабота, 23 ноември 2024

Бочварски: Започнавме со рехабилитација на транзитот низ Штип

Бочварски: Започнавме со рехабилитација на транзитот низ Штип
Скопје, 13 август 2022 (МИА) - Владата преку Министерството за транспорт и врски, како најголем инвеститор во земјата и поддржувач на општините, работи активно во реализација на транспортната стратегија, а тоа е изградба и модернизација на патната инфраструктура низ целата држава, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска заедно со директорот на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта, Костадин Ацевски, извршија увид во рехабилитација на транзитот низ Штип. Транзитот низ Штип се рехабилитира со средства обезбедни преку Јавното претпријатие за одржување на регионалните и магистрални патишта, во соработка со Министерството за транспорт и врски, во висина од 20 милиони денари. -Особено ми е драго што започнавме со рехабилитација на овој патен правец. Како што ветивме пред граѓаните, еве денеска тоа го гледаме на дело, започнуваме со гребење на оштетениот асфалт и поставување на комплетно нов слој асфалт, инвестиција во висина од над 20 милиони денари преку централната власт, со што обезбедуваме побезбедно патување на нашите граѓани. Во изминатиот период реоконстуриравме транзити и низ други градови во земјата Виница, Делчево, Охрид, Крушево, а наскоро започнува и реконструкцијата на транзитот низ Тетово.  Сакам да ги уверам сите граѓани дека сме максимално посветени во исполнувањето на нашата цел, а тоа е безбедна и модерна патна инфраструктура низ целата земја, вели Бочварски. Тој, исто така, информираше дека од денеска стартува и поставувањето на нова ограда долж реката Отиња во градското подрачје на Штип, со што напомена дека тоа е уште еден доказ дека централната власт, Министерството за транспорт и врски, се грижат за подобрувањето на локалниот развој, за безбедноста и за подобрувањето на животот на граѓаните. Директорот Ацевски во својата изјава истакна дека Јавното претпријатие за одржувањето на регионалните и магистрални патишта активно работи на отстранување на сите проблеми на патиштата, реконструкција и рехабилитација таму каде што е потребно, се со цел граѓаните да патуваат безбедно и по модерни патни правци. -Во Штип и Штипскиот регион вложивме значајни средства и реконструиравме голем број патни правци кои беа барање на граѓаните. Транзитот низ Штип долги години бил запоставен, но како што ветивме минатата година со Министерот, денеска тоа го гледаме, започнавме со реконструкција. Продолжуваме со истото темпо низ целата држава, бидејќи нашите граѓани заслужуваат да возат по безбедни и модерни патишта, изјави директорот Ацевски. сст/дма/    

Остани поврзан