• среда, 27 ноември 2024

Боцванската опозициска партија СПД победи на изборите, власта се смени првпат по 58 години

Боцванската опозициска партија СПД победи на изборите, власта се смени првпат по 58 години

Габороне, 1 ноември 2024 (МИА) - Боцванската опозициска партија Поддршка за демократски промени (СПД) победи на изборите во средата и освои 33 места во 61-члениот парламент, со што власта во таа африканска држава се смени за првпат по 58 години, јави ДПА.

Во опозиција оди Демократска партија на Боцвана (ДПБ), која ќе има само четири пратенички места, соопшти изборната комисија.

Партијата владее со поранешната британска колонија, чија економија се потпира на ископување дијаманти и туризам, од независноста во 1966 година.

Во изјавата од главниот град Габороне, претседателот Мокгвеци Масиси го призна катастрофалниот пораз и рече дека ДПБ ќе го прифати резултатот од гласањето.

Набљудувачите очекуваа ДПБ да ја задржи власта во огромната земја со население од само два и пол милиони луѓе.

Формацијата која има мнозинство во парламентот го именува и претседателот на државата. Набргу по објавата на Масиси, кандидатот на ПДП Дума Боко, 54-годишна адвокатка и активистка за човекови права, која дипломирала на елитниот универзитет Харвард во САД, беше именувана за следен претседател од Врховниот суд на Боцвана со петгодишен мандат.

Боко во предизборната кампања вети отворање работни места и зголемување на минималната плата и пензиите. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан