Ботафого го отпушти тренерот Ренато Паива по елиминацијата на тимот од Светското клупско првенство
- Бразилскиот шампион и победник на Копа Либертадорес, Ботафого, го објави отпуштањето на својот португалски тренер Ренато Паива по елиминацијата на тимот од Палмеирас на Светското клупско првенство.
Рио де Жанеиро, 30 јуни 2025 (МИА) - Бразилскиот шампион и победник на Копа Либертадорес, Ботафого, го објави отпуштањето на својот португалски тренер Ренато Паива по елиминацијата на тимот од Палмеирас на Светското клупско првенство.
-Ботафого објавува дека Ренато Паива повеќе не е тренер на првиот тим, напиша клубот од Рио де Жанеиро на својот профил на социјалните мрежи X.
Клубот е во сопственост на американскиот бизнисмен Џон Текстер, прецизирајќи дека Паива бил информиран за одлуката во неделата.
-Клубот им се заблагодарува на Паива и на неговите помошници за работата што ја сработија во последните месеци, особено за историската победа над Пари Сен Жермен на Светското клупско првенство и пласманот за осминафиналето на Копа Либертадорес и Копа Бразил, се вели во соопштението на Ботафого.
Ренато Паива, поранешен играч на мексиканскиот клуб Толука, ја презеде функцијата во февруари по заминувањето на неговиот сонародник Артур Хорхе, кој беше архитект на триумфите во Бразил и Копа Либертадорес во 2024 година.
За време на групната фаза на Светското клупско првенство, Ботафого направи изненадување елиминирајќи го Атлетико Мадрид и квалификувајќи се во осминафиналето на турнирот откако победи со 1-0 над ПСЖ. Ботафого беше елиминиран во осминафиналето од нивните сонародници од Палмеирас, кои победија со 1-0 по продолженијата.
Тимот моментално е на осмото место во Бразил, шест бода зад лидерот Фламенго, со 27 натпревари до крајот. Ќе се соочи со Кито во осминафиналето на Копа Либертадорес во август. дс
Фото: Принтскрин