• вторник, 27 август 2024

Борусија Дортмунд се засили со Филкруг

Борусија Дортмунд се засили со Филкруг

Дортмунд, 1 септември 2023 (МИА) – Најдобриот стрелец минатата сезона во Бундеслигата Никлас Филкруг (30) е нов фудбалер на Борусија Дортмунд, соопшти синоќа германскиот вицешампион.

Филкруг претходните четири години го носеше дресот на Вердер, а изминатата сезона постигна 16 голови во Бундеслигата.

Германскиот репрезентативец стави потпис на тригодишен договор со Борусија, а според медиумите трансферот е вреден 15 милиони евра.

Во воведните две кола во новата бундеслигашка сезона клубот од Дортмунд освои четири бодови, а во Лигата на шампиони се најде во најатрактивната група Ф заедно со ПСЖ, Милан и Њукасл. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан