• среда, 27 ноември 2024

Борисов: Сакаат да го направат Парламентот народен суд

Борисов: Сакаат да го направат Парламентот народен суд

Софија, 18 април 2021 (МИА) - Лидерот на владејачката ГЕРБ во Бугарија и премиер во оставка Бојко Борисов на вонреден брифинг објави дека го повикуваат во Националното собрание не за да го презентира планот за закрепнување, туку затоа што тие сакаат да го направат Парламентот народен суд.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов најави дека ќе отиде во Националното собрание во среда да го претстави Планот за реконструкција и развој, кој треба да биде доставен до ЕК до крајот на април.

Тој вели дека сега има повеќе од 160 гласа во Националното собрание и дека кога ќе излезе од карантин Слави Трифонов може да ги искористи за формирање на новата бугарска влада и го повика новото мнозинство да раководи. Борисов рече дека неговиот страв е поврзан со тоа дека другите партии во Парламентот нема да формираат влада. Според него, владата што ќе ја предложи ГЕРБ ќе биде добра фузија помеѓу старите министри и новите лица. 

На брифингот присуствуваше и министерот за финансии во оставка на Бугарија, Кирил Ананиев, кој најави дека на почетокот на новата недела фискалната резерва на земјата ќе надмине осум милијарди лева (околу четири милијарди евра) и ќе биде двојно повеќе од минимумот што го бара законот. нк/

Остани поврзан