• четврток, 07 ноември 2024

Борел: Блискиот исток е на работ на целосен оган

Борел: Блискиот исток е на работ на целосен оган

Брисел, 7 октомври 2024 (МИА) - Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, денеска предупреди дека целиот Блиски Исток е на „работ на целосен оган што меѓународната заедница се чини дека не може да го контролира“.

На годишнината од нападот на Хамас врз Израел и почетокот на војната во Газа, Борел рече дека „ситуацијата само се влошува“.

„Луѓето во регионот се понесигурни од кога било и паднаа во бескрајна спирала на насилство, омраза и одмазда“, објави Борел.

Тој порача дека ЕУ „жали и отфрла“ каква било ескалација на насилството на Блискиот Исток, вклучително и ракетирањето на Хезболах, израелското бомбардирање на Либан, раселувањето на над еден милион Либанци и 60.000 Израелци, зголемените тензии поради иранските ракетни напади и „загрижувачките“ случувања на Западниот Брег.

Тој нагласи дека воените операции и оружјето меѓу сите страни „нема да му донесат иднина ниту на народот на Израел ниту на народот на Палестина“.

„Само политичко решение ќе донесе мир, безбедност и просперитет“, рече Борел. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан