• среда, 27 ноември 2024

Борел ја повика Грузија да го повлече законот за странско влијание

Борел ја повика Грузија да го повлече законот за странско влијание

Брисел, 15 мај 2024 (МИА) - Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел денеска ја критикуваше Грузија за усвојување на закон за „странско влијание“ насочен кон невладините организации финансирани од странство и за потиснување на масовните протести, повикувајќи го Тбилиси да го смени курсот.

-Усвојувањето на овој закон негативно влијае на напредокот на Грузија на патот кон ЕУ... Ги повикуваме грузиските власти да го повлечат законот, рече Борел во заедничката изјава со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан