• вторник, 24 декември 2024

Борел: Само палестинските власти може да управуваат со Газа по војната

Борел: Само палестинските власти може да управуваат со Газа по војната

Бахреин, 18 ноември 2023 (МИА) - Само палестинските власти може да управуваат со Газа по завршувањето на војната меѓу Израел и Хамас, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

„Хамас повеќе не може да ја контролира Газа“, рече Борел на годишната конференција за надворешна и безбедносна политика во Бахреин.

„Значи, кој ќе ја контролира Газа? Мислам дека само палестинските власти би можеле да го направат тоа“, рече тој.

Борел во петокот рече дека актуелната војна меѓу Израел и екстремното палестинско движење Хамас во Појасот Газа е „резултат на колективен политички и морален неуспех“. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан