Борел: Потребен е итен прекин на огнот во Газа
- Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска изјави дека е неопходен итен прекин на огнот во Појасот Газа.

Брисел, 29 декември 2023 (МИА) - Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска изјави дека е неопходен итен прекин на огнот во Појасот Газа.
-Израелската копнена офанзива во центарот на Газа продолжува да резултира со големи жртви и покрај обврската на израелската армија да ги заштити цивилите, напиша Борел на социјалната мрежа „Х“.
Тој изјави дека бомбардирањето на бегалскиот камп Магази е едно од најсмртоносните, додавајќи дека е регистрирано раселување на уште 150 илјади луѓе. мс/
фото: МИА архива