• понеделник, 23 декември 2024

Борел: Одбиваме УНРВА да ја прогласиме за терористичка организација

Борел: Одбиваме УНРВА да ја прогласиме за терористичка организација

Брисел, 15 јули 2024 (МИА) - Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, изјави дека го отфрлаат прогласувањето на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) за „терористичка организација“. 

Борел, јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади и комесарот за соседство и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, им се обратија на новинарите во Брисел на маргините на 15-тиот состанок на Партнерскиот совет Јордан-Европа.

„Одбиваме да ја означиме УНРВА како терористичка организација и ќе продолжиме да ја поддржуваме со донатори“, рече Борел, нагласувајќи ја важноста на партнерството меѓу Јордан и Европската унија на различни нивоа.

Сафади истакна дека Јордан „секогаш бил во центарот на регионалните кризи“.

„Нападите во Газа траат многу долго и мораме да работиме на тоа да ги спречиме“, рече Сафади. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан