• сабота, 28 декември 2024

Борел го повика Израел да го поддржи предложениот договор за прекин на огнот во Либан

Борел го повика Израел да го поддржи предложениот договор за прекин на огнот во Либан

Рим, 26 ноември 2024 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска го повика Израел да го поддржи предложениот договор за прекин на огнот во Либан, истакнувајќи дека истиот нуди безбедносни гаранции за Израел.

Говорејќи на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7, Борел нагласи дека нема изговор за да не се спроведе договорот со либанската милитантна група Хезболах. Тој побара да се изврши притисок врз Израел за денеска да го одобри договорот.

Според неименуван израелски функционер, Израел веројатно ќе го поддржи американскиот план за прекин на огнот. Безбедносниот кабинет на Израел ќе одржи состанок во седиштето на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во Тел Авив.

Американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон се очекува да го објават договорот за прекин на огнот во следните 36 часа, соопштија високи либански функционери, пренесуваат западни медиуми. ссм/

фото: архива

Остани поврзан