• вторник, 24 декември 2024

Борел го осуди упадот во американскиот Конгрес

Борел го осуди упадот во американскиот Конгрес
Брисел, 6 јануари 2021 (МИА) - Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, го осуди упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во Конгресот како „невиден напад врз американската демократија“. Тој повика на почитување на резултатите од претседателските избори на кои победи демократот Џо Бајден. - Во очите на светот, американската демократија вечерава е под опсада. Тоа е невиден напад врз американската демократија, нејзините институции и владеењето на правото. Не е тоа Америка. Резултатите од изборите на 3 ноември мора целосно да се почитуваат, објави Борел на Твитер. Тој наведе и дека се согласува со изјавата на новоизбраниот претседател Џо Бајден дека „моќта на американската демократија ќе надвладее над екстремистичките индивидуи“. ми/

Тагови

Остани поврзан