• сабота, 16 ноември 2024

Борбите во Судан продолжуваат и покрај договореното примирје

Борбите во Судан продолжуваат и покрај договореното примирје

Картум, 18 април 2023 (МИА) - Борбите во Судан продолжија и вечерва и покрај надежите за прекин на огнот договорен претходно од завојуваните страни, јави ДПА, повикувајќи се на очевидци и извештаи на медиумите.

Во Картум се уште се слушаат експлозии и пукотници и по 18 часот, кога требаше да стапи на сила прекинот на огнот.

Претставниците на завојуваните страни претходно денеска се договорија да ги прекинат воените дејствија на 24 часа.

Во објава на Твитер во 18:14 часот, паравоените сили за брза поддршка ја обвинија суданската армија дека „го нарушила примирјето кое беше договорено со меѓународно посредништво“.

Портпаролот на ОН рече дека досега светската организација не гледа „никакви знаци дека борбите во Судан престанале“.

Неочекуваната ескалација на борбите во Судан принуди многу луѓе да се кријат со денови во своите домови и во јавни згради, како што се училиштата.

Според ОН, илјадници луѓе се без пристап до храна и здравствена заштита. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан