• петок, 08 ноември 2024

Борбата за опстанок во пинг-понгарската Супер лига останува неизвесна до крајот на првенството

Борбата за опстанок во пинг-понгарската Супер лига останува неизвесна до крајот на првенството
Скопје, 5 април 2021 (МИА) - На две кола пред крајот, познати се учесниците во плеј офот на македонското пинг-понгарско првенство. Што се однесува до долниот дел на табелата, Радовиш, Крива Паланка 2007, Вардар и Работнички, ќе се борат за опстанок. Телеком НЕЦ и Струга од следната сезона ќе се натпреваруваат во рамките на Првата лига за сениори. Резултати 15. коло: Струга – Работнички 0:4 Младост – Вардар 4:0 Радовиш – Телеком Нец 4:3 Крива Паланка 2007 – Шампион ФА 0:4 Младост 96 – Телеком Нец 2 4:0. Супер лига - резултати 16. коло: Работнички – Младост 96 0:4 Телеком Нец 2 – Крива Паланка 2007 4:0 Шампион ФА – Радовиш 4:2 Телеком Нец – Младост 1:4 Вардар – Струга 4:0. На табелата води Младост 96 со 32 бода, пред Младост со 30 и Шампион ФА со 28. зс/

Остани поврзан