• понеделник, 18 ноември 2024

Борачот Ананиев освои бронза на ЕП во Грција

Борачот Ананиев освои бронза на ЕП во Грција

Лутраки, 17 мај 2024 (МИА) - Македонскиот борач Марио Ананиев, член на боречкиот клуб „Бучим“, освои бронзен медал на Европското првенство во слободен стил за помлади од 15 години кое се одржа во Грција.

Ананиев до третото место на пиедесталот дојде по победата над Бугаринот Валентин Господинов со 7:0.

Ова е прв медал на Европско првенство за македонската репрезентација по 10 години, а младиот Ананиев се натпреваруваше во категоријата до 57 килограми, во конкуренција на 225 натпреварувачи од цела Европа. дс

Фото: Боречка Федерација на Северна Македонија

Остани поврзан