• недела, 24 ноември 2024

Болтон: Бајден нема да се откаже од Балканот

Болтон: Бајден нема да се откаже од Балканот
Вашингтон, 29 јануари 2021 (МИА) - Поранешниот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон изјави дека новиот претседател Џо Бајден нема да се откаже од Балканот и дека „би било грешка да се препушти Балканот на Европа“. „Многу добро се сеќавам на улогата што (Бајден) ја имаше во Конгресот во 90-тите во однос на конфликтот во (поранешна) Југославија, особено во БиХ, но и во регионот како целина. Не мислам дека тој ќе се откаже и јас би рекол дека неговиот избор на Викторија Нуланд за третата голема позиција во Стејт департментот, некој што е експерт за Русија, секретар за Европа во време на администрацијата на Обама, покажува дека кога станува збор за Русија, Украина, Источна и Централна Европа како целина, дека ќе има големо внимание, дека Нуланд ќе води многу силна политика. Би бил изненаден ако Бајден се обиде да и пренесе одговорност на Европската унија. Мислам дека тоа би било грешка, рече Болтон за сараевската телевизија Н1. Тој додаде дека верува оти ова прашање е „од витално значење за САД, како и за луѓето од Балканот, да се обидат да ја завршат работата за воведување мир и стабилност во регионот, за да биде можен економски напредок“. - Мислам дека тоа треба да биде главен приоритет и за САД, рече Болтон. паг/  

Остани поврзан