• среда, 25 декември 2024

Болтон: Ако Трамп победи, САД ќе го напуштат НАТО

Болтон: Ако Трамп победи, САД ќе го напуштат НАТО
Вашингтон, 26 октомври 2020 (МИА) - Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност на претседателот на САД, истакна дека ако Доналд Трамп да добие втор претседателски мандат, САД можат да заминат од НАТО. Тој е убеден дека во случај на победа на изборите „политичките ограничувања за него во голема мерка ќе се минимизираат“. -Сметам дека тоа е можно во (случај на) негов втор мандат. Мислам дека тоа ќе биде голема грешка за САД. Но многу одлуки на Трамп во однос на прашањата за внатрешната безбедност не се засноваат на критериуми на конкретни варијанти на политики, од кои тој избира. Тие се засновани на неговото лично убедување за тоа какви резултати за внатрешната политика ќе донесе едно или друго решение, изјави денеска Болтон во интервју за руската телевизија Дожд. Болтон смета дека НАТО не може да постои без САД. -Сметам дека тоа ќе биде грешка, многу голема грешка за Западот во целина. Од друга страна, Русија не свртува доволно внимание на глобалните предизвици, кои во 21 век Кина ги претставува за сите. Така што, фактичкиот колапс на НАТО, за што ние сега овде можеме да зборуваме хипотетички – но ако се случи, тоа ќе го направи светот уште похаотичен отколку сега, истакна тој. Болтон беше на советник за национална безбедност на Трамп од април 2018 од септември 2019 година. Тој замина од функцијата поради несогласици со шефот на државата. Неговата книга, „Собата каде се случуваше сè“. имаше обиди да се забрани од страна на Министерството за правда на САД. Меѓудругото, во неа стои дека Трамп барал САД да го напуштат НАТО. кб/

Тагови

Остани поврзан