Болницата Аџибадем Систина се вклучува во третман на поврдените во пожарот во Кочани
- Клиничката болница „Аџибадем Систина“ соопшти дека со сите свои ресури се става на располагање за транспорт и прифаќање на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани.

Скопје, 16 март 2025 (МИА) -Клиничката болница „Аџибадем Систина“ соопшти дека со сите свои ресури се става на располагање за транспорт и прифаќање на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани.
-Ве известуваме дека веќе е направен прием на тешко повредени пациенти во болницата. Нашите три амбуланти возила се во постојана комуникација со медицинските центри од Штип и Кочани од каде ќе се преземаат тешко повредени пациенти, наведуваат од болницата.
На располагање се 20 интензивни места за третман на најкритичните пациенти, како и целокупниот капацитет и медиицнски тим на болницата неопходен за итен третман. вг/
Фото: Клиничка болница „Аџибадем Систина“