• петок, 05 декември 2025

Боливија го победи Бразил и се пласираше во плејофот за СП 2026

Боливија го победи Бразил и се пласираше во плејофот за СП 2026

Ел Алто, 10 септември 2025 (МИА) - Репрезентацијата на Боливија го победи Бразил во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година со 1:0. 

Натпреварот се одигра ноќеска на стадионот „Естадио Мунисипал“ во Ел Алто.

Единствениот гол го постигна Мигел Терсерос, реализирајќи пенал во 4. минута од дополнителното време во првото полувреме.

Бразилците квалификациите ги завршија на 5. место и се пласираа директно на Светското првенство во 2026 година. 

Благодарение на победата над Бразилците, Боливија го освои 7. место, пред Венецуела, и ќе игра во плејофот за Мундијалот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан