• вторник, 24 декември 2024

Бои кои не се препорачуваат за ѕидот во спалната соба

Бои кои не се препорачуваат за ѕидот во спалната соба
Лос Анџелес, 6 октомври 2020 (МИА) - Во спалната соба минуваме барем третина од својот живот. Порталот „Ридер’с дајџест“ објави кои пет бои не се препорачуваат за ѕидовите во простории каде што се спие и кои се наменети за одмор и опуштање. Црно - Покрај затемнување на просторот, црната боја создава илузија дека собата изгледа помала отколку што е, всушност. Иако темнината може да помогне да заспиете побрзо, тоа последователно и ќе го отежне станувањето наутро. Темнината психолошки ја намалува енергијата на човекот. Неонски бои - Секогаш треба да се избегнуваат неонски бои, бидејќи тие предизвикуваат „возбуда“ и дополнителна непотребна енергија во спалната соба. Тоа пречи во опуштањето. Жолто - Жолтата, обично, се поврзува со светлината со сонцето. Иако ведриот тон може да биде одличен за почеток на денот, оваа боја, многу веројатно, ќе го отежне заспивањето навечер. Црвено - Како и жолтата, така и црвената е „впечатлива“ боја што, меѓу другото, се користи да предизвика чувство на еуфорија или, понекогаш - и вознемиреност. Темносиво - Темните бои предизвикуваат чувство на тежина и мрак. Тоа може да ја намали желбата за будење наутро. Меѓутоа, ако сакате темни бои, тогаш може да ги користите за да нагласите нешто, еден дел со нив. Но, не како главна боја. си/сд/

Остани поврзан