• сабота, 14 февруари 2026

Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството

Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството

Скопје, 12 февруари 2026 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари повеќе работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.

На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во државава Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Беа разгледани и теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. 

Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.

На средба, пак, со претставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group се разговараше за организацијата на 29. Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. Тема на разговрите беа и инвестициските можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика

- Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестициско атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка - се вели во соопштението.лв/

фото: МЕРМС

Остани поврзан