Божиновска–Мелинвуд: Започнува досега најобемната енергетска обнова на јавните згради
- Имплементацијата на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите на јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028, стратешки документ што поставува јасна, тригодишна рамка за најмасовната и најсистемска енергетска обнова на јавни објекти во земјата досега беше во фокусот на денешната работна средба во Скопје меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и Мелани Мелинвуд, претставник на Француската агенција за развој (AFD), во врска со реализацијата на Планот за реконструкција на јавните згради – еден од клучните столбови на Реформската агенда на државата.
Скопје, 20 јануари 2026 (МИА) - Имплементацијата на планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите на јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025 - 2028, стратешки документ што поставува јасна, тригодишна рамка за најмасовната и најсистемска енергетска обнова на јавни објекти во земјата, досега беше во фокусот на денешната работна средба во Скопје меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, и Мелани Мелинвуд, претставник на Француската агенција за развој (AFD), во врска со реализацијата на планот за реконструкција на јавните згради - еден од клучните столбови на реформската агенда на државата.
Станува збор за план што веќе е усвоен од Владата по сеопфатен процес на усогласување со вкупно 33 институции, што ја потврдува неговата институционална тежина и стратешко значење за модернизација на јавниот сектор.
- Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како носител на оваа стратешка реформа, интензивно работи на обезбедување финансиски средства за реализација на обврските што произлегуваат од реформската агенда, како и од постојните законски обврски. Во согласност со законската рамка, секоја година е предвидено да се реконструираат најмалку 3 отсто од вкупната корисна подна површина на јавните згради, при што мерките за енергетска ефикасност се задолжителен и нераздвоен дел од секоја реконструкција - соопшти Министерството за енергетика.
На средбата, се додава во соопштението, беше истакнато дека во моментот е во подготовка таканаречената scoping студија (студија за определување опфат), со која детаљно ќе се утврдат параметрите за рехабилитација и обнова на зградите, како и јасни критериуми за приоритизација на објектите што први ќе влезат во процесот на реконструкција.
- Со ова државата прави крупен исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, пониски трошоци за јавниот сектор, подобри услови за работа во институциите и значително намалување на емисиите на штетни гасови во согласност со европските климатски политики. Оваа реформа претставува конкретен чекор кон позелена, поекономична и поодржлива јавна администрација, со директни придобивки за граѓаните и за државниот буџет - се потенцира во соопштението.вј/са/
Фото: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини