Божикна забава за децата од здружението за церебрална парализа од Велес
- Митрополитот повардарски г. Агатангел, традиционално по завршувањето на денешната божикна литургија во црквата Св Кирил и Метoдиј и оваа година во црковната трпезарија организираше божикна

Велес,7 јануари 2022 (МИА) - Митрополитот повардарски г. Агатангел, традиционално по завршувањето на денешната божикна литургија во црквата Св Кирил и Метoдиј и оваа година во црковната трпезарија организираше божикна забава за лицата со церебрална парализа од Велес. Тој го благослови овој собир и на сите дечиња кои беа присутни, како и оние кои не беа во можност да присуствуваат им подели пакетчиња.
Оваа средба е традиционално божикно дружење со овие деца и млади и нивните родители, а е во рамките на долгогодишата соработка на Повардарската епархија и здружението на лица со церебрална парализа од Велес.
Забавата беше збогатена со настап на децата од црковниот хор „Св Кирил и Методиј“.
Оваа година на забавата присуствуваа и градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, и пратеникот Игор Здравковски.ад/са/